• вторник, 27 август 2024

Манчестер Јунајтед се поблиску до трансфер на Угарте

Манчестер Јунајтед се поблиску до трансфер на Угарте

Манчестер, 26 август 2024 (МИА) - Манчестер Јунајтед е се поблиску до трансфер на Мануел Угарте од Пари Сен Жермен, пренесува весникот „Дејли мејл“.

Дваесет и три годишниот дефанзивен играч за врска има пазарна цена од 45 милиони евра. Трошоците за доведување на Уругваецот се очекува да бидат покриени со дел од парите од продажбата на Скот Мектомини.

Угарте минатата сезона забележа 37 настапи за парижаните. Ги бранеше и боите на Феникс (Уругвај), како и португалските Фамаликао и Спортинг Лисабон.

Мануел Угарте е репрезентативец на неговата земја. Фудбалерот беше дел од селекцијата на Уругвај за турнирот Копа Америка во 2024 година, каде јужноамериканците ги освоија бронзените медали. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан