• недела, 21 јули 2024

Манчестер јунајтед подготвен да понуди 45 милиони фунти за Пикфорд

Манчестер јунајтед подготвен да понуди 45 милиони фунти за Пикфорд

Лондон, 18 јуни 2023 (МИА) - Манчестер јунајтед е заинтересиран за голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, објави „Daily Star“.

 

Според британскиот медиум, раководството на тимот од „Олд Трафодр“ е подготвено да понуди 45 милиони фунти за 29-годишниот Англичанец.

 

Пикфорд минатата сезона одигра 37 натпревари во Премиер лигата за Евертон, прими 60 гола и осум пати ја зачува мрежата „чиста“.

 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на голманот на 25 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан