• понеделник, 23 декември 2024

Манчестер Јунајтед го продаде Пелистри

Манчестер Јунајтед го продаде Пелистри

Манчестер, 21 август 2024 (МИА) - Уругвајскиот репрезентативец Факундо Пелистри му се приклучи на Панатинаикос од Манчестер Јунајтед. Трансферот беше официјално потврден од двата клуба.

Крилото ќе го чини ПАО 6 милиони евра. Договорот вклучува и 2 милиони во вид на бонуси, а „црвените ѓаволи“ ќе добијат и 45% од следната продажба на Пелистри.

Јужноамериканецот пристигна на „Олд Трафорд“ во 2020 година, но оттогаш одигра само 25 натпревари, на кои не успеа да се истакне. Во овој период тој имаше позајмици во Алавес и Гранада.

Договорот на Пелистри со Панатинаикос е на 4 години. дс

Фото: Х/Панатинаикос

Остани поврзан