• сабота, 23 ноември 2024

Манчестер јунајтед ги крати платите поради лошата сезона

Манчестер јунајтед ги крати платите поради лошата сезона
Манчестер, 8 мај 2022 (МИА) – Дел од играчите на Манчестер јунајтед се соочуваат со намалување за 25 отсто на своите примања поради слабата резултатска сезона на премиерлигашот и неуспехот да обезбеди место кое идната сезона носи настап во Лигата на шампиони, јавија денеска британските медиуми. Манчестер јунајтед ја игра статистички најлошата сезона во историјата на Премиер лигата и ќе заврши со најмалку освоени бодови дури и да победи во последното коло. Весникот „Дејли мејл“ пишува дека неуспехот ќе се одрази на намалени примања за најголемите ѕвезди во клубот. Според весникот, неделната плата на португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо ќе биде намалена од сегашните 385.000 фунти на 288.000 фунти. ег/гт/

Остани поврзан