• петок, 05 декември 2025

Манчестер Јунајтед бара замена за менаџерот Аморим

Манчестер Јунајтед бара замена за менаџерот Аморим

Манчестер, 29.септември 2025 (МИА) – Поранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт е потенцијалниот наследник на Рубен Аморим на менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед. Веста ја пренесуваат британските медиуми, откако Џим Ретклиф, акционерот со најмногу акции во последните недели е во контакт со Саутгејт.

Инаку, токму Ретклиф во неколку наврати истакнуваше дека Португалецот Аморим е вистинското решение за „црвените ѓаволи“.

Саутгејт осум години беше селектор на Англија, а имаше полуфинале на Светското првенство 2018 и две финалиња на Европските првенства (2021 и 2024), а во меѓувреме од јули минатата година е без ангажман.

Како „резерви“ се споменуваат и Оливер Глазнер менаџерот на Кристал Палас, како и Андони Ираола менаџерот на Бурнемут. Секако останува прашањето кога Аморим ќе добие отказ од позицијата менаџер на Манчестер Јунајтед. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан