Манчестер Сити со нов трансфер
- Англискиот шампион Манчестер Сити го ангажираше левиот бек Кристијан Мекфарлејн од нивниот сестрински клуб Њујорк Сити.

Манчестер, 27 јануари 2025 (МИА) - Англискиот шампион Манчестер Сити го ангажираше левиот бек Кристијан Мекфарлејн од нивниот сестрински клуб Њујорк Сити.
Мекфарлејн (18) е по потекло од Англија и ги претставувал репрезентациите на земјата на нивоа до 16 и до 17 години. Но, тој има и американски пасош.
Мекфарлејн е третиот нов млад играч донесен во одбраната на „граѓаните“ оваа зима. Пред него со „небесносините“ потпишаа 19-годишниот Витор Реиш од Палмеирас и 20-годишниот Абдукодир Хусанов од Ленс.
Њујорк Сити не објави детали за договорот, но рече дека во иднина ќе добијат процент од правата на МекФарлејн доколку тој биде продаден. дс
Фото: Принтскрин