Манчестер сити сè уште не им понуди обновување на договорите на Агуеро и Фернандињо
- Иднината на играчите на Манчестер сити, Серхио Агуеро и Фернандињо останува неизвесна. Според новинарот на „Атлетик“, Сем Ли, клубот не дал понуди за продолжување на договорите на фудбалерите
Манчестер, 19 јануари 2021 (МИА) - Иднината на играчите на Манчестер сити, Серхио Агуеро и Фернандињо останува неизвесна. Според новинарот на „Атлетик“, Сем Ли, клубот не дал понуди за продолжување на договорите на фудбалерите.
Соработката на Агуеро и Фернандињо истекува на крајот на јуни 2021 година.
Триесет и двегодишниот Агуеро оваа сезона одигра пет натпревари во Премиер лигата за сити, бидејќи долго време закрепнуваше од повредата, додека Фернандињо (35) одигра девет натпревари во Премиер лигата. зс/