Манчестер сити освои повеќе бодови од кој било друг клуб на „Олд Трафорд“
- Манчестер сити го победи Манчестер јунајтед во денешното дерби на 11. коло од шампионатот на Англија. Средбата на теренот Манчестер Јунајтед заврши со резултат 2:0 во корист на гостите.

Манчестер, 6 ноември 2021 (МИА) - Манчестер сити го победи Манчестер јунајтед во денешното дерби на 11. коло од шампионатот на Англија. Средбата на теренот Манчестер Јунајтед заврши со резултат 2:0 во корист на гостите.
„Граѓаните“ победија по осми пат на „Олд Трафорд“ во историјата на Премиер лигата. Ова е рекорд во лигата.
Ниту една друга екипа нема толку успех на теренот на „црвените ѓаволи“.
Манчестер сити освои 23 бода за во моментов второ место на табелата, Јунајтед со 17 е петти и полека го губи чекорот со најдобрите. зс/