Манчестер сити одби да го продаде Стерлинг на Челзи за 25 милиони евра
- Управата на англискиот фудбалски шампион Манчестер сити одби да го продаде напаѓачот Рахим Стерлинг на Челзи.

Манчестер, 20 јуни 2022 (МИА) – Управата на англискиот фудбалски шампион Манчестер сити одби да го продаде напаѓачот Рахим Стерлинг на Челзи.
Според новинарот Фабрицио Романо, Сити не е задоволен од сумата понудена за 27-годишниот Англичанец.
Лондонскиот клуб понудил 25 милиони евра, додека Манчестер сити сака да добие 55-60 милиони евра за играчот.
Стерлинг минатата сезона одигра 47 натпревари за Манчестер сити, постигнувајќи 17 гола и пет асистенции.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра. зс/