• сабота, 23 ноември 2024

Манчевски: Ја очекуваме преговарачката рамка од ЕУ, затоа не смееме да функционираме со техничка влада и без парламент

Манчевски: Ја очекуваме преговарачката рамка од ЕУ, затоа не смееме да функционираме со техничка влада и без парламент
Скопје, 28 мај 2020 Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи најави дека до 15 јуни ја добиеме преговарачката рамка за отпочнување на преговорите за членство во Европската унија и ќе треба да се закаже и првата меѓувладина седница. Во такви услови како држава немаме луксуз уште долго да функционираме без активно Собрание и со техничка Влада, оцени потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски во денешната дебата во емисијата „Патот кон“. Тој потсети дека предвремените избори беа побарани од опозицијата во октомври поради тогашната блокада на нашиот евроинтеграциски пат. „Денеска Северна Македонија е членка на НАТО со зелено светло за почнување на преговорите за членство во ЕУ. Еврокомесарот Вархеи најави дека до 15 јуни ќе ја добиеме  преговарачката рамка за отпочнување на преговорите и ќе треба да се закаже првата меѓувладина  седница. Лошо е, а не знам ни дали е воопшто возможно целиот овој процес да го води техничка Влада  и без активно Собрание. Ова мора да го имаме предвид, бидејќи ние немаме луксуз уште долго време да седиме без Собрание“, наглси Манчевски. Според него, најдобро сценарио е до датумот за избори да се дојде со консензус. За него е неразбрливо лицитирањето со изборниот датум за една недела порано или подоцна, кога е јасно дека станува збор за временскиот перод по завршување на вонредната состојба, за тој прозорец што и на глобално ниво се нуди и којшто треба да го искористиме. Бидејќи, со отворањето на границите, со отворањето на градинките, училиштата ризикот се зголемува. „Во делот на пандемијата сите домашни и странски експерти укажуваат дека на есен е можен нов бран на вирусот. Не смееме да чекаме, па да бидеме притиснати од роковите бидејќи во декември истекуваат сите уставни рокови за одржување на избори. Но и за економијата е од исклучително значење изборите да се одржат  веднаш штом за тоа ќе има услови. Секако, изборниот процес ќе се одвива во согласност со препораките и протоколите од Комисијата за заразни болести и од здравствените експерти. И не само начинот на гласање, туку и начинот на кој ќе ја водиме кампањата,  без  масовни митинзи, ќе има помали групирања, со физичка дистанца, со заштитни маски, кампања преку медиумите и социјалните мрежи“, додаде Манчевски. Тој нагласи дека постои одредена временска рамка  до кога треба да се постигне договор за изборниот датум. „Вонредната состојба завршува на 30 мај и потоа ќе се соочиме со еден вид безвластие. Без Собрание, со техничка Влада, а без изборен датум е навистина нелогично да продолжиме да функционираме“, додаде Манчевски. СДСМ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан