• недела, 22 декември 2024

МАНУ ќе добие специјализирана техничка опрема за зачувување на вредните архивски материјали

МАНУ ќе добие специјализирана техничка опрема за зачувување на вредните архивски материјали

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Во Македонската академија на науки и уметност денеска ќе се изврши примопредавање на донација во специјализирана техничка опрема за зачувување на вредните архивски материјали на Академијата.

Донацијата ја обезбеди „Ротари клуб Скопје Вест“ од свои средства, како и од донациите собрани на клупската донаторска вечер одржана во мај, оваа година во Даутпашиниот амам.

Опремата, како што соопштуваат од „Ротари клуб Скопје Вест“ се состои од скенер за пресловување на физичките објекти, како што се слики, текстови, документи или артефакти. - Со помош на различни техники за скенирање, како што се оптичко скенирање, со јасен, висок квалитет на резолуција, се добиваат дигитални копии од објектите, се додава во соопштението.

МАНУ ќе добие и лед осветлување, стативи и друга опрема за прецизно фотографирање и скенирање, софтвер за обработка на дигиталните слики, превземени со помош на скенерите или фотоапаратите, специјализиран печатач за високо квалитетно печатење на скенираните објекти, уреди за безбедно складирање на скенираните и дигитализирани податоци на културното наследство, како и технолошки напредни компјутери со софистицирани графички картички.

-Опремата за скенирање на културно наследство има голема важност во процесот на презервација и пристап до културните артефакти, се наведува во соопштението од „Ротари клуб Скопје Вест“ .

На денешната средба најавено е и потпишување договор за изработка на модерна ВЕБ страница на институцијата, која ќе ја подигне транспарентноста и комуникативноста на МАНУ со сите заинтересирани за нејзината дејност. дма/вг/

Фото: Ротари клуб Скопје Вест

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан