• петок, 05 декември 2025

Манифестацијата „Зборот на Конески“ во Небрегово ја потврди соработката со Фестивалот „Пеце Атанасовски“

Манифестацијата „Зборот на Конески“ во Небрегово ја потврди соработката со Фестивалот „Пеце Атанасовски“

Небрегово, 4 септември 2025 (МИА) - Со доделување признанија и со почит за двајца великани - Блаже Конески, таткото на современиот македонски јазик и на Пеце Атанасовски, амбасадорот на македонскиот изворен мелос, во родната куќа на Конески, во рамките на манифестацијата „Зборот на Конески“ денеска во Небрегово беше нагласена важноста на соработката меѓу Културно-едукативниот центар „Небрегово“ и на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Овие две манифестации пред две години потпишаа меморандум за соработка.

-Културно-туристичката манифестација „Зборот на Конески“ е значајна и за културниот и туристичкиот развој преку нагласувањето на двата великани, Блаже Конески и Пеце Атанасовски. На Фестивалот во Долнени се слуша Зборот на Конески, а во Небрегово се слуша Гајдата на Пеце. Нема поубаво место од родната куќа на Конески да се направи таков спој- меѓу Зборот на Конески и Гајдата на Пеце, речеАтанас Конески, секретар на Културн-едукативниот центар „Небрегово“.

Посебна е честа да се нагласат двата великани од плодното долненско поле.

-Нема ништо поубаво да се слуша Зборот на Конески и Гајдата на Пеце  во ова плодно долненско поле. Две години поминаа од потпишувањето на декларацијата за соработка. Како што е Пеце Атанасовски за народните инструменти, така е, и уште повеќе, Блаже Конески зам акедонскиот јазик, за граматиката и литературата. Честа е голема да се соработува. А тоа е симболично- првонаградениот од конкурс за Блаже Конески со творба настапува на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, а првонаградениот, најдобар гајдаџија, а годинава е Александар Ангелов од Штип, настапи во родната куќа на Конески  во Небрегово, рече Горан Василески, претседател на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Манифестацијата беше во рамките на промоцијата на книгата на Културно-едукативниот центар „Небрегово“ со трудови за „80 години азбука и правопис на македонскиот стандарден јазик“. ем/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан