Мандиќ ја повика опозицијата во Црна Гора да се обедини и да преземат конкретни активности
- Еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ денеска ја повика опозицијата во Црна Гора да се обединат и да преземат конкретни активности, се наведува во соопштението на политичкат

Белград, 24 јуни 2020 (МИА) - Еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ денеска ја повика опозицијата во Црна Гора да се обединат и да преземат конкретни активности, се наведува во соопштението на политичката организација.
Тој тоа го порача по повод најновите настани во Будва и ги повика црногорските власти да ги ослободат уапсените.
- Ова е моментот кога е потребно сите ние да застанеме едни до други, за лидерите и другите претставници на опозицијата да дадат заеднички одговор и да преземат конкретни активности, рече Мандиќ.
Тој, исто така, побара веднаш да се тестира за коронавирусот и да се врати од Белград. паг/