• понеделник, 23 декември 2024

Мандиќ нов ракометар на Голден Арт

Мандиќ нов ракометар на Голден Арт
Скопје, 23 август 2021 (МИА) - Левиот бек Андрија Мандиќ е нов ракометар на Голден Арт. Дваесетгодишниот битолчанец кој од пред неколку дена тренира со екипата од Скопје, од вчера е официјално дел од Голден Арт. Својата ракометна приказна Мандиќ ја стартуваше во школата на Работник од Битола, подоцна Еурофарм Работник, продолжувајќи во екипите на Пелистер и Металург од каде што пристигна во тимот на Голден Арт. - Мандиќ ќе биде засилување на левата бековска позиција и особено важен дел од тимот во фазата на одбрана во периодот што следи. Ангажманот на Мандиќ е во насока на давање шанса на млади, недокажани македонски ракометари да работат во висок ритам и минутажа на терен за стекнување искуство на натпреварите во сениорска конкуренција, соопшти Голден Арт. Амбиција на клубот за следната сезона е да се биде на врвот во Првата лига и да се избори враќање во Суперлигата. зс/

Остани поврзан