Манасиевски: Работниците ќе останат без 600 евра минимална плата во 2028 година поради ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски
- Работниците ќе останат без 600 евра минимална плата во 2028 година поради ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски. Политичката заробеност на ССМ од страна на СДС се покажува на дело. Дека на Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски, како и ССМ како синдикат, не им е грижа за работниците, се докажува со тоа што одбиваат 40 отсто зголемување на платите за административните службеници или минимум во бројка - над 10.000 денари за две години од денес. Сето ова, само поради послушноста и потчинетоста кон СДС, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 29 јануари 2026
Работниците ќе останат без 600 евра минимална плата во 2028 година поради ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски. Политичката заробеност на ССМ од страна на СДС се покажува на дело. Дека на Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски, како и ССМ како синдикат, не им е грижа за работниците, се докажува со тоа што одбиваат 40 отсто зголемување на платите за административните службеници или минимум во бројка - над 10.000 денари за две години од денес. Сето ова, само поради послушноста и потчинетоста кон СДС, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Доколку овој предлог, односно ова зголемување на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ биде прифатено од гранскиот синдикат УПОЗ, предводен од Трпе Деаноски, и ССМ, предводен од Слободан Трендафилов, минималната плата ќе изнесува минимум 36.000 денари за административните службеници во 2028 година. Единствениот услов од Владата е да се потпише нов колективен договор до 2028 година поради тоа што моментниот е нејасно напишан и поинаку се толкува, а згора на сè и е истечен.
Но, поради политичкото заробеништво на ССМ, Слободан Трендафилов и на Трпе Деаноски од страна на СДС, тие одлучија да шуруваат со нив сакајќи на овој начин да ѝ наштетат на државата. Но не сфаќаат дека со ова им наштетуваат на работниците, оние на кои тие велат дека им мислат добро.
Поддршката од СДС и Левицата за ССМ е само доказ дека тие немаат никаква искрена намера, туку само напад кон Владата, која дава сè од себе за зголемување на платите и пензиите, како што впрочем тоа го докажавме во образованието, во здравството, во полицијата, Министерството за одбрана, социјалата и за пензионерите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ