Мал одзив на протестот во Атина во рамките на 24-часовниот штрајк на синдикатот на вработените во јавниот сектор
- Со плакати „Не за новото дисциплинско право“, „Да не се изгласа законот за дисциплинска постапка за државните службеници“, „Поддршка за работничките права“, мал број демонстранти учествуваа на протестот во центарот на Атина во рамките на 24-часовниот штрајк на синдикатот на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) што започна утрово, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 28 август 2025 (МИА) – Со плакати „Не за новото дисциплинско право“, „Да не се изгласа законот за дисциплинска постапка за државните службеници“, „Поддршка за работничките права“, мал број демонстранти учествуваа на протестот во центарот на Атина во рамките на 24-часовниот штрајк на синдикатот на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) што започна утрово, јави дописничката на МИА од Атина.

На протестот беше видливо мал одзивот на граѓаните, собирот траеше кусо, заврши без никакви проблеми, а синдикатите закажаа нови демонстрации за десет дена на отворањето на Меѓународниот саем во Солун.

Денешниот 24-часовен штрајк на АДЕДИ е поради измените во законот за дисциплинска постапка за државните службеници за кој сметаат дека е против работничките права и бараат итно повлекување.

Во штрајкот, организирани од нивните синдикати, учествуваат здравствените работници, општинските работници, наставниците и професорите итн.

Првично, со четиричасовен прекин на работата на учество во штрајкот повика и Асоцијацијата на контролори на летање на Грција, меѓутоа вчера, Првостепенениот суд во Атина најавениот прекин на работата го прогласи за незаконски, па така авионскиот сообраќај ќе се одвива регуларно.
Редовно сообраќаат и бродовите и траектите, како и возовите и јавниот превоз. ср/сд/
Фото: МИА