• недела, 28 јули 2024

Малолетник повреден од струен напон на оградата од својот двор

Малолетник повреден од струен напон на оградата од својот двор
Струга, 5 август 2022 (МИА) - Малолетник од струшкото село Лабуништа е повреден од електрична енергија при допир на оградата во својот двор, соопштија денеска од СВР Охрид. Според информацијата, синоќа во 21 часот и 10 минути во полициското одделение Велешта, било пријавено дека во приватна здравствена установа во селото Подгорци, со повреди бил донесен малолетник од селото Лабуништа. - Полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека малолетникот се здобил со повредите во својот двор при допир на ограда до која имало ниско поставени жици од далновод. За настанот, известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Увидот треба да покаже како дошло до пренос на електрична енергија на оградата. сс/цр

Остани поврзан