Малолетна девојка тешко повредена во сообраќајка во Дебар
- Малолетно девојче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 18.45 часот, на ул.„Амди Леши“ во Дебар, при судир помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од В.Ц.(3
Скопје, 28 јануари 2023 (МИА) – Малолетно девојче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 18.45 часот, на ул.„Амди Леши“ во Дебар, при судир помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од В.Ц.(38) од Дебар и патничко возило „опел“, управувано од С.М.(54) од Дебар, двете со дебарски регистарски ознаки.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетната сопатничка од возилото „опел“, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Известен е Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Дебар, наведуваат од МВР. вг/вј/