• сабота, 23 ноември 2024

Малиар: Украинската Армија на Југ ослободи 130 км2 територија под руска окупација

Малиар: Украинската Армија на Југ ослободи 130 км2 територија под руска окупација

Киев, 26 јуни 2023 (МИА) - Украинската војска објави дека ослободила вкупно 130 квадратни километри територија окупирана од Русија во јужна Украина откако започна контраофанзива пред околу три недели.

- Во текот на изминатата недела, 17 дополнителни квадратни километри од областа Запорожје под руска окупација се повторно вратени, објави денеска заменик-министерката за одбрана Хана Малиар на каналот Телеграм.

Украина објави и помали успеси на источниот фронт. Маилар рече дека и покрај жестокиот отпор на Русите, украинската армија напреднала еден до два километри во неколку правци во текот на претходната недела.

Армијата исто така ги одби руските контранапади на неколку точки на линијата на фронтот, вклучително и оние кај Бахмут, Лиман и Авдивка, каде што, наводно, во моментов се водат особено жестоки борби.

-Во изминатата недела во овие области се водеа повеќе од 250 битки, рече Малиар.

Руското Министерство за одбрана синоќа извести за повеќе од 20 украински напади во еден ден на југот и на истокот на земјата. мс/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан