• среда, 27 ноември 2024

Малезија најави укинување на смртната казна

Малезија најави укинување на смртната казна
Куала Лумпур, 10 јуни 2022 (МИА) – Малезија денеска најави укинување на смртната казна, која сега е предвидена за многу кривични дела. Министерот за правда, Ван Џунади Туанку Џафар, рече дека Владата ќе разгледа предлози за други казни за 11 кривични дела кои носат смртна казна според важечките закони, како и за 20 други дела, за кои судовите не мора, но можат да изречат смртна казна. - Одлуката за ова прашање покажува дека приоритет на Владата е да обезбеди заштита и гарантирање на правата на сите, што ја покажува транспарентноста на државниот врв во подобрувањето на динамичниот казнено-правен систем, рече Џафар. Собранието треба да гласа за законот за укинување на смртната казна откако пратениците ќе поднесат амандмани. Во Малезија повеќе од 1.300 луѓе чекаат смртна казна, најмногу поради трговија со дрога. Казната се извршува со бесење. јт/

Остани поврзан