• сабота, 23 ноември 2024

Максути за МИА: Тимови за заштита и спасување составени од 40 лица се упатија во реонот погоден од земјотресот во Турција

Максути за МИА: Тимови за заштита и спасување составени од 40 лица се упатија во реонот погоден од земјотресот во Турција

Скопје, 7 февруари 2023 (МИА) - Тимови за заштита и спасување составени од 40 лица, се упатени во реонот погоден од земјотрес во Турција, Газиантеп, потврди за МИА, Беким Максути, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

- Упатени се вкупно 40 лица, професионалци, од различни градови и од различни тимови за спасување од урнатини, од високи објекти, коишто со возила и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување се испратени на испомош на Република Турција, информираше тој.

Засега, според одлуката на Владата, планирано е тие да бидат таму околу десетина дена. Станува збор за луѓе кои имаат работено на различни обуки во државата, како и во странство, во спасување од урнатини. Поголемиот дел од нив, биле упатени и во 2019 година во Република Албанија, по тамошниот земјотрес.

- Во случај да треба да се пролонгира, тие ќе останат или ќе бидат заменети со други, во зависност од тоа каква ќе биде ситуацијата на терен, појасни Максути во изјава за МИА.

Првичните тимови тргнале утринава, се очекува утре изутрина да бидат таму. Треба да поминат околу 1.900 километри растојание по земјен пат. бд/нд/

Остани поврзан