• четврток, 25 јули 2024

Максим Димитриевски со дамите во Домот за стари лица „Зафир Сајто“

Максим Димитриевски со дамите во Домот за стари лица „Зафир Сајто“

Скопје, 8 март 2024

Во чест на 8-ми Март, Денот на жената денеска Претседателот на ЗНАМ, Градоначалник на Општина Куманово и кандидат за Претседател на Македонија Максим Димитриевски и Претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска го посетија Домот за стари лица „Зафир Сајто”- Куманово и на почитуваните припаднички на понежниот пол кои престојуваат во домот, на нивните негователки и персонал им подарија свежи рози, изразувајќи должна почит кон нив.

Димитриевски претходно во Општината ги изненади со подарок за 8 Март и сите раководителки жени во Општина Куманово и во неговиот кабинет, потенцирајќи дека тие се столб на семејството и нивното место е на позиции каде што се носат одлуките.

 

Максим Димитриевски - претседател на Движење ЗНАМ - За наша Македонија
Градоначалник на Општина Куманово 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан