• сабота, 21 декември 2024

Макрон: Одличен разговор со Трамп за дигиталните такси

Макрон: Одличен разговор со Трамп за дигиталните такси
Париз, 20 јануари 2020 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска соопшти дека имал одличен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за дигиталните такси, со порака дека двете земји ќе работат на избегнување „ескалација на даноците“. - Ќе работиме заедно на добар договор за да избегнеме ескалација на даноците, напиша Макрон на Твитер. Во јули, Париз одлучи да воведе такси од три проценти на приходите од дигитални услуги, генерирани од компании со приходи поголеми од 25 милиони евра во Франција и 750 милиони евра ширум светот. Вашингтон се закани дека ќе наметне даноци на француските производи како контрамерка. паг/

Остани поврзан