• сабота, 23 ноември 2024

Макрон ѝ честиташе на Трас за премиерската функција

Макрон ѝ честиташе на Трас за премиерската функција
Париз, 6 септември 2022 (МИА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, синоќа изјави дека Париз е подготвен да соработува со новата британска премиерка Лиз Трас. Ѝ посакувам добредојде на Лиз Трас. Ѝ честитам во име на Франција и подготвени сме да работиме како сојузници и пријатели, истакна Макрон. Трас пред две недели одби да одговори на новинарско прашање дали го смета Макрон за пријател или непријател. Тогаш таа само рече дека „поротата сè уште одлучува“. Следниот ден Макрон одговори дека Велика Британија е пријателска земја, силна и сојузничка нација, без оглед кој ја води. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан