• среда, 25 декември 2024

Макрон телефонски разговараше со Џонсон за украинската криза

Макрон телефонски разговараше со Џонсон за украинската криза
Париз, 5 февруари 2022 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска телефонски разговараше со британскиот премиер Борис Џонсон за украинската криза, соопшти Елисејската палата. Како што е наведено, тој ја истакнал потребата од одржување дијалог за деескалација на ситуацијата. Макрон денеска телефонски разговараше и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а како што е соопштено од неговиот кабинет, тој ја истакнал „потребата да се продолжи со напорите за деескалација преку дијалог, притоа почитувајќи ги основните принципи на европската безбедност суверенитетот на државата и правата што произлегуваат од тоа“. Во четвртокот Макрон имаше одвоени разговори со рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски, за можностите за продолжување на дипломатскиот пат што ќе доведе до деескалација на украинската криза. Според најавите од Елисејската палата, тој на 7 февруари ќе отпатува за Москва на разговор со Путин, а ден подоцна во Украина, каде ќе разговара со Зеленски. паг/  

Остани поврзан