• среда, 25 декември 2024

Макрон: Сакам да ги иритирам невакцинираните

Макрон: Сакам да ги иритирам невакцинираните
Париз, 7 јануари 2022 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека останува на неговите претходни коментари, велејќи дека сака да иритира пет милиони Французи кои се уште не се вакцинирани. Според претседателот на Франција, негова одговорност е да прогласи тревога со оглед на заканата од Омикрон. „Стојам зад моите претходни коментари“, рече Макрон, кој беше домаќин на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на нејзината посета на Париз. Тој додаде дека обврска на властите е да воведат рестрикции за оние кои не се вакцинирани со цел да се заштитат повеќе од 90 отсто од француските граѓани кои се вакцинирани. Во Франција, во просек повеќе од 200.000 нови случаи на Ковид се регистрираат дневно. паг/  

Остани поврзан