• понеделник, 16 декември 2024

Макрон предупредува дека ЕУ може да биде „блокирана“ од големо присуство на крајната десница во ЕП

Макрон предупредува дека ЕУ може да биде „блокирана“ од големо присуство на крајната десница во ЕП

Париз, 6 јуни 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека ЕУ ризикува да биде блокирана од големо екстремно десничарско присуство во Европскиот парламент по изборите оваа недела. 

„Ако Франција испрати многу голема делегација на екстремната десница, ако другите големи земји го сторат тоа, Европа може да биде блокирана“, изјави Макрон за француски медиуми.

 „Мораме на 9 јуни (кога Франција гласа) да се бориме да ги одбраниме оние што се борат за Европа, бидејќи Европа не штити“. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан