• вторник, 19 ноември 2024

Макрон: На Србија местото и е во ЕУ

Макрон: На Србија местото и е во ЕУ

Белград, 29 август 2024 (МИА) - „Би сакал денеска да испратам порака за пријателство од Франција до Србија и на најодлучен начин да објавам дека на вашата земја местото и е во Европа, во Европската Унија, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на почетокот на својата посета на Белград.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничката прес-конференција изјави дека му должи посебна благодарност на Макрон што посакал да посети друг град во Србија, бидејќи утре ќе биде во Нови Сад.

- Имавме долги разговори, ќе ги продолжиме вечерва до доцна во ноќта, ќе ги имаме и утре за сите стратешки прашања, и билатерални и за патот кон ЕУ, рече Вучиќ.

Пред средбата на Макрон и Вучиќ, српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ и извршниот директор и претседател на Дасо Авиасион потпишаа договор за купување на авиони Рафал и сродни стоки и услуги.

- Договорот потпишан вечерва,  покажува дека соработката меѓу двете земји се протега низ сите сфери на општественото живеење, истакна Вучиќ, дополнувајќи дека купувањето на авионите е голема вест.

Вучиќ рече дека вкупната вредност на договорот е 2,7 милијарди евра, а се работи за набавка на 12 сосема нови авиони кои ќе бидат во сопственост на Република Србија. ссм/

фото: ЕПА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан