• сабота, 23 ноември 2024

Макрон: НАТО да се посвети на вредностите на воената организација

Макрон: НАТО да се посвети на вредностите на воената организација

Париз, 21 мај (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека лидерите на НАТО мора јасно и недвосмислено да се посветат на вредностите и правилата на воената организација на самитот следниот месец.

Зборувајќи пред новинарите во Париз заедно со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Макрон рече дека лидерите, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, мора отворено да разговараат за „кохезијата“ во рамките на НАТО на самитот на Алијансата во Брисел на 14 јуни.

- Солидарноста меѓу сојузниците не е само збор што може да значи што било во секое време. Тоа вклучува должности и одговорности едни кон други, нагласи францускиот претседател.

Макрон додаде дека е важно државите да не се фокусираат на „националните интереси што се косат со безбедноста на другите сојузници, како што беше случај во последните години во Сирија, источен Медитеран, Либија и Кавказ“. паг/

Остани поврзан