• вторник, 17 декември 2024

Макрон го осуди нападот врз браната во Украина вети дека Франција ќе испрати помош

Макрон го осуди нападот врз браната во Украина вети дека Франција ќе испрати помош

Париз, 7 јуни 2023 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон остро го критикуваше уништувањето на браната Каховка во окупираниот дел на Украина и вети дека неговата земја брзо ќе испрати помош, пренесе ДПА.

- Ќе испратиме помош во следните часови за да ги задоволиме итните потреби, рече Макрон по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

- Му ја изразив на претседателот Зеленски мојата солидарност со неговиот народ по нападот на браната Каховка. Франција го осудува овој грозоморен чин што го става населението во опасност, рече Макрон.

Елисејската палата соопшти дека Центарот за кризи и поддршка на Министерството за надворешни работи многу брзо ќе го испрати првиот конвој со околу 10 тони производи за здравје, хигиена и третман на вода, заедно со преносни резервоари, како што побарале Украинците. јт/

Фото: Твитер

Остани поврзан