• четврток, 15 јануари 2026

Макрон: Ален Делон беше француски великан

Макрон: Ален Делон беше француски великан

Париз, 18 август 2024 (МИА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска по повод смртта на прославениот француски и светски актер Ален Делон изјави дека Делон е француски великан.

-Ален Делон играше легендарни филмски улоги и го натера целиот свет да сонува за нив. Тој го позајми своето незаборавно лице на филмот и ни ги промени животите. Меланхоличен, популарен, таинствен, тој беше повеќе од ѕвезда: тој беше француски великан, напиша Макрон на „X“.

По повод смртта на познатиот француски актер, се огласија неговите бројни колеги, меѓу кои и филмската дива Клаудија Кардинале.

-Балот заврши. Танкреди отиде да танцува со ѕвездите, рече Кардинале, пренесоа италијанските медиуми. мс/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан