• вторник, 10 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Македонско-кинеска поетска работилница во Охрид

Македонско-кинеска поетска работилница во Охрид

Охрид, 27 август 2024 (МИА) - „Поезијата во превод меѓу цивилизациите“ е насловот на првата Македонско-кинеска поетско-преведувачка работилница што во организација на Македонската академија на науки и уметности и на Пекиншкиот јазичен универзитет изминатите три дена се одржуваше во Охрид.

На настанот учествуваа повеќе реномирани поети, синолози и книжевни преведувачи од Македонија и Кина, меѓу кои Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Зоран Анчевски, Владимир Мартиновски, Наташа Сарџоска, Андреј Ал-Асади... како и припадниците на современата кинеска поетска сцена Чжао Си, Ли Суо, Аку Вуву, Лју Јуе, Минг Ди и Ши Чуан, кој воедно со своето творештво се претстави и на манифестацијата Мостови на годнешеново издание на Струшките вечери на поезијата.

На работилницата учествуваа и синолозите и препејувачите Игор Радев, Сара Цветановска и Елена Дамјаноска, Милан Дамјаноски.

Работилницата се состоеше од сесии на заемно преведување и анализирање на поезија, како и отворени дебати на теми сврзани со проблемите и предизвиците на поетското творештво и превод во интеркултурен контекст. 

Резултатите од годинешната работилница ќе бидат објавени во посебно тројазично издание (македонско, кинеско и англиско), што ќе содржи песни на македонски и кинески поети, придружени со анализи и соодветен критички апарат. аб/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан