• петок, 22 ноември 2024

„Македонски спасител“ организираше национален курс за спасување на отворени води

„Македонски спасител“ организираше национален курс за спасување на отворени води
Велес 6 јуни 2021 (МИА) -  Национален курс за спасување на отворени води - езеро и море се одржа во изминатите три дена на велешкото езеро „Младост“, во организација на здружението „Македонски спасител“. -На курсот  учествуваа девет кандидати: пет од  Велес, двајца од Прилеп и по еден од Неготино и Куманово кои успешно ја завршија обуката и се стекнаа со професионален сертификат за спасители на отворени води, а кој е  по програмата и стандардите  ISLA од Калифорнија, кои ги имаат членовите на „Македонски спасител“. Најмладиот учесник беше на 18, а највозрасниот на 64 години. Сите успешно го завршија курсот и  попладнево на крајот на обуката  добија  меѓународни  важечки сертификат за спасител на отворени води, информира за МИА, Ангел Пановски од „Македонски спасител“. Пановски најави дека „Македонски спасител“ во текот на јули и август за деца непливачи ќе организира Пливачка школа, со повеќе групи. Во текот на август во соработка со Општина Велес  за деца од 9-16 години планира да организира дводевен тренинг „Основи, запознавање и користење на спасителна опрема и безбеден престој покрај вода“. Во тие рамки за децата - учесници, ќе се одржи и кратка обука за орва помош во случај на давеник или друг повреден.Воедно, децата учесници на овој тренинг - обука ќе се запознаат  и како да ги препознаат ризиците и опасностите на капалиштето, најави Пановски.ад/лв/  

Остани поврзан