• понеделник, 16 декември 2024

Македонските фудбалерки до 17 години ќе дебитираат во А дивизијата од Лигата на нации

Македонските фудбалерки до 17 години ќе дебитираат во А дивизијата од Лигата на нации

Куелуз, 22 март 2023 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години утре во португалскиот град Куелуз го стартува дебитантскиот настап во најсилната А дивизија во Лигата на нации на УЕФА.

Прв противник на македонските фудбалерки ќе биде Германија, по што следуваат дуелите против домаќинот Португалија, в недела, и во последното коло против Унгарија, в среда.

Настап во Лигата на нации ја очекува и македонската женска репрезентација до 19 години, која од 3 до 11 април во Скопје ќе биде домаќин на група во Б дивизијата.

Македонските фудбалерки ќе се обидат да изборат промоција во А лигата во дуели со Грузија, Гибралтар и Израел. ег/ар/

Фото: ФФМ

Остани поврзан