• понеделник, 23 декември 2024

Македонските фудбалери во март против Молдавија и Црна гора во Анталија

Македонските фудбалери во март против Молдавија и Црна гора во Анталија

 

Скопје, 12 февруари 2024 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација ќе се собере во втората половина на март во турска Анталија на еднонеделен тренинг камп во рамки на кој ќе одигра два пријателски натпревари.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски првиот натпревар во 2024 ќе го играат на 22 март против Молдавија, со почеток во17:30 часот, а три денови подоцна за противник ќе ја имаат селекцијата на Црна Гора.

ПО двата дуели во Анталија избраниците на Милевски своите репрезентативни обврски ќе ги продолжат во јуни со гостински натпревари против Хрватска во Риека и Чешка во Прага, пред стартот на Лигата на нации во септември.

Македонските фудбалери се во групата 4 во Ц – дивизијата во која за противници ќе ги имаат селекциите на Ерменија, Фарски Острови и Латвија. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан