Македонските фудбалери во група со Шкотска, Швајцарија и Словенија во Лигата на нации
- Македонската фудбалска репрезентација во новата сезона од Лигата на нации ќе игра во групата од 1 од Б сегментот против Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Брисел, 12 февруари 2026 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација во новата сезона од Лигата на нации ќе игра во групата од 1 од Б сегментот против Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Ова е одлучено вечерва со жрепка која беше извлечена во Брисел, на маргините на редовниот конгрес на Европската фудбалска федерација (УЕФА).
Македонската делегација н жрепката во Брисел ја предводеа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и селекторот Гоце Седлоски.
Петтата по ред сезона во Лигата на нации ќе стартува во септември, а групната фаза ќе финишира во ноември.
Македонската репрезентација прв пат во историјата ќе игра во вториот по ранг сегмент во Лигата на нации, откако минатата сезона заврши првопласирана во својата група во Ц дивизијата.
Лига на нации 2026:
Група А1:
Франција, Италија, Белгија, Турција
Група А2:
Германија, Холандија, Србија, Грција
Група А3:
Шпанија, Хрватска, Англија, Чешка
Група А4:
Португалија, Данска, Норвешка, Велс
Група Б1:
Шкотска, Швајцарија, Словенија, Македонија
Група Б2:
Унгарија, Украина, Грузија, Северна Ирска
Група Б3:
Израел, Австрија, Ирска, Косово
Група Б4:
Полска, Босна и Херцеговина, Романија, Шведска
Група Ц1:
Албанија, Финска, Белорусија, Сан Марино
Група Ц2:
Црна Гора, Ерменија, Кипар, Латвија/Гибралтар
Група Ц3:
Казахстан, Словачка, Фарски Острови, Молдавија
Група Ц4:
Исланд, Бугарија, Естонија, Луксембург/Малта
Група Д1:
Гибралтар/Латвија, Малта/Луксембург, Андора
Група Д2:
Литванија, Азербејџан, Лихтенштајн.ег
ФОТО: ФФМ