• вторник, 24 декември 2024

Македонските фудбалери се вратија во Скопје, ќе се слави финалето во мундијалскиот бараж (во живо)

Македонските фудбалери се вратија во Скопје, ќе се слави финалето во мундијалскиот бараж (во живо)
Скопје, 25 март 2022 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација попладнево пристигна на скопскиот аеродром со чартер-лет од Палермо, каде вчеравечер на стадионот „Ренцо Барбера“ оствари сензационална победа над европскиот првак Италија и дојде на само чекор до историски пласман на Светско првенство. Фудбалерите и членовите на стручниот штаб од аеродромот во Скопје ќе се упатат на големо славје кое е најавено за вечерва од 18:30 часот на централниот плоштад „Македонија“. Илјадници навивачи синоќа спонтано излегоа на улиците во повеќе македонски градови за да ја прослават победата од 1-0 над Италија, која ги однесе „црвено – жолтите“ во финале од мундијалскиот бараж против Португалија, во вторник во Порто. Пред македонските фудбалери сега е последната пречка пред историски пласман на завршниот турнир, кој од 21 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар. ег/вј/

Остани поврзан