• недела, 22 декември 2024

Македонските ракометни кадети минимално поразени од Швајцарија

Македонските ракометни кадети минимално поразени од Швајцарија

Скопје, 6 јануари 2024 (МИА) - Македонската машка ракометна кадетска репрезентација загуби попладнево во Скопје од Швајцарија со 27-26 (15-10) во рамки на вториот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство. 

По стартната победа вчера против Словачка, избраниците на селекторот Наум Танески пред утрешното завршно коло се на делба на второто место со два бода. Лидер е Швајцарија со максимални четири бодови, додека Словачка претходно денеска го совлада Косово со 33-22.

Утрешниот дуел на македонските ракометари против Косово е закажан од 15 часот во салата во Автокоманда. 

Пласман на ЕП во Црна Гора ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации во петте квалификациски групи. ег/нд/

Фото: РФМ 

Остани поврзан