• среда, 12 март 2025

Македонските ракометарки од третиот шешир ја чекаат жрепката за евроквалификациите

Македонските ракометарки од третиот шешир ја чекаат жрепката за евроквалификациите

 

Скопје, 11 март 2025 (МИА) – Македонската женска ракометна репрезентација од третиот шешир ќе ја чека жрепката закажана за 20 март во Клуж за пласман на Европското првенство 2026.

Континенталниот турнир ќе се одржи во декември идната година во Полска, Чешка, Словачка, Романија и Турција.

Заедно со Македонија, во третиот шешир се Украина, Португалија, Италија, Грција и Косово.

Можни противници на македонската селекција од групата носители се Франција, Шведска, Холандија, Германија, Црна Гора и Шпанија.

Во вториот шешир се репрезентациите на Хрватска, Австрија, Швајцарија, Србија, Словенија и Исланд, додека во четвртиот се сместени Фарски Острови, Финска, Израел, Босна и Херцеговина, Литванија и Белгија.

Сите домаќини, како и трите најдобри селекции од минатогодишното првенство во Норвешка, Данска и Унгарија веќе се пласираа на завршниот турнир на стариот континент.

Термините за одигрување на квалификациските натпревари се од 15 до 19 октомври 2025 година, од 4 до 8 март 2026 година и од 8 до 12 април 2026 година.

Двете најдобри селекции од секоја група ќе обезбедат директен пласман на Европското првенство, како и четирите најдобри третопласирани од сите шест квалификациски групи. ег

ФОТО: РФМ

Остани поврзан