• понеделник, 23 декември 2024

Македонските ракометарки се собраа за мундијалските квалификации во Скопје 

Македонските ракометарки се собраа за мундијалските квалификации во Скопје 
Скопје, 16 март 2021 (МИА) - Македонската женска ракометна репрезентација вечерва во Скопје ги започна завршните подготовки за претстојниот квалификациски турнир на домашен терен за место во баражот за пласман на Светското првенство што на крајот од оваа година ќе се одржи во Шпанија.  Избраничките на селекторот Симе Симовски се во група со Исланд, Литванија и Грција, а место во баражот ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.  Натпреварите ќе се играат во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, а првично планираните термини за почеток од 17:45 и 19:45 часот се поместени за во 12 и 14 часот Македонските ракометарки ќе ги отворат мундијалските квалификации в петок против Исланд од 12 часот, по што во истиот термин следните два дена ги очекуваат пресметките со Литванија и Грција. ег/оџ/

Остани поврзан