• петок, 21 февруари 2025

Македонските ракометари на прием во Амбасадата на САД

Македонските ракометари на прием во Амбасадата на САД

 

Скопје, 19 февруари 2025 (МИА) – Македонската машка ракометна репрезентација, предводена од селекторот Кирил Лазаров, како и челниците на Ракометната федерација на Македонија денеска на свечен прием во американската Амбасада во Скопје имаа средба со нејзината екселенција Ангела Агелер.

Во рамки на посетата претседателот на РФМ Живко Мукаетов и селекторот Лазаров ѝ подарија на амбасадорката Агелер македонски дрес и топка своерачно потпишана од сите ракометари кои учествуваа на Светското првенство 2025.

РФМ, како што соопшти, упатува голема благодарност за приемот и поддршката која ја добива до Амбасадата на САД.

Американската амбасадорка Агелер во друштво на првиот човек на ФМ Мукаетов минатиот месец во Вараждин ја бодреше македонската репрезентација на ракометниот Мундијал на кој избраниците на Лазаров го освоија 15 место. ег

ФОТО: РФМ

Остани поврзан