Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
- Македонската одбојкарска репрезентација со два пораза го заврши првиот турнир во Златната лига.
Струмица, 20 мај 2024 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација со два пораза го заврши првиот турнир во Златната лига.
„Црвено-жолтите“ синоќа во „Парк“ во Струмица загубија од Чешка со убедливи 3:0 (по сетови 25:16, 25:15 и 25:16).
Во првото коло, Македонија во петокот загуби од Естонија исто така во Струмица со 3:1.
На другите натпревари одиграни вчера:
Романија – Азербејџан 3:0
Хрватска – Финска 3:1
Луксембург – Португалија 0:3.
По две кола, со максимални шест бода на врвот на табелата се Чешка, Португалија, Украина и Хрватска. зс/
Фото: ОФМ