Македонските кошаркари до 20 години се пласираа во четвртфиналето на ЕП
- Во клучниот меч од групната фаза, машката селекција под 20 години ја совлада Грузија со резултат од 76:73 и го обезбеди своето место во последните осум на турнирот.
Тбилиси, 20 јули 2022 (МИА) - Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Тблиси, Грузија.
Во клучниот меч од групната фаза, машката селекција под 20 години ја совлада Грузија со резултат од 76:73 и го обезбеди своето место во последните осум на турнирот.
По 14 реализации на натпреварот има Савиќевиќ и Андоноски, Петов 13, а Петрушевски десет.
На страната на Грузија Саларидзе и Тавакарашвили запишаа по 19 поени. ар/цр