• среда, 25 декември 2024

Македонските каратисти ги поминаа тежинските контроли на ЕП во боречки вештини

Македонските каратисти ги поминаа тежинските контроли на ЕП во боречки вештини

Загреб, 20 јули 2023 (МИА) - Македонската универзитетска карате репрезентација, предводена од селекторот Бошко Заборски и тренерот Жарко Арсовски, денеска успешно ги помина тежинските контроли за пријавените спортисти на Европското првенство во боречки вештини во Загреб.

 

Во македонската репрезентација се: Симона Заборска - 61 кг, Викторија Јовановска - 61 кг, Јорданова Ивана -50 кг, Манева Бојана +68 кг, Давид Петков -67 кг, Петар Заборски -75 кг, Петар Спасеновски -84 кг, Илиевски Димитар -75 кг, Трајковски Витомир -84 кг, Стефан Стојанович +84 кг, Глигор Хаџи Кимов -84 кг, Цане Давитков +84 кг и Марко Бунтески – Кати

 

Утре започнуваат елиминациските борби за сите спортисти кои се пријавени во поединечните категории во дисциплините борби и кати.

 

На европското универзитетско првенство на боречки спортови, кое се одржува во Загреб, до сега има пријавено 1.500 спортисти од  395 универзитети  од 30 европски држави.

 

Во Загреб ќе се одржат натпревари во четири боречки спортови: карате, џудо, таеквондо, и  кикбокс. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан