• сабота, 06 декември 2025

Македонските кадетки поразени од Бугарија на стартот на одбојкарската Балканијада

Македонските кадетки поразени од Бугарија на стартот на одбојкарската Балканијада

 

Тирана, 11 јуни 2025 (МИА) – Женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години загуби со 3:0 (25:9, 29:27, 25:15) од Бугарија на отворањето на Балканскиот шампионат во Тирана.

По лесно загубениот прв сет во кој освоија само девет поени, избраничките на селекторот Александар Митев беа рамноправен противник во продолжението, испуштајќи две сет топки во вториот сет, кој на крајот го загубија на разлика.

Македонските кадетки се бореа и во третиот сет, но Бугарија наметна свое темпо на игра и во средината на сетот поведе со 18:11, за потоа и рутински да дојде до триумф од 25:15 и конечни 3:0.

Македонија во второто коло, утре со почеток во 13 часот во салата „Фарка“ во Тирана, ќе игра против Косово. ег

ФОТО: ОФМ

Остани поврзан