• сабота, 23 ноември 2024

Македонските кадетки на развоен фудбалски турнир во БиХ

Македонските кадетки на развоен фудбалски турнир во БиХ
Скопје, 4 април 2022 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 16 години од денеска до 10 април ќе учествува на УЕФА развоен турнир во Босна и Херцеговина (БиХ). Покрај домаќинот, македонските кадетки на стадионот „Младост“ во Добој ќе одиграат натпревари и против Словенија и Фарски Острови. Прв противник утре ќе им биде БиХ, по што следуваат дуелите против Словенија и Фарски Острови. Селекторот Катерина Милеска, се одлучи да ги повика следните фудбалерки: Голмани: Мери Васева (Тиверија), Мила Павлоска (Љуботен); Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Росана Китановска (Љуботен), Кристина Крстева (Кул Здравје), Васка Василева (Тиверија), Катерина Петкова (Истатов), Среден ред: Миа Велинова (Борец), Ива Јосифова (Тиверија), Никица Трендова (Тиверија), Мурвет Вардар (Тиверија), Михаела Додевска (Кул Здравје), Елена Симјонова (Љуботен), Сара Дика (Ас Јунајтед); Напад: Ива Јованоска (Љуботен), Елена Љјондевска (Топ Гол), Ана Боризоска (Деспина), Емили Митковска (Речица), Јована Павловска (Атлетико), Анастасиа Илиевска (Деспина). ег/вј/

Остани поврзан