• среда, 25 декември 2024

Македонските ветерани одиграа пријателски фудбалски натпревар со Косово во чест на Фадиљ Вокри

Македонските ветерани одиграа пријателски фудбалски натпревар со Косово во чест на Фадиљ Вокри

Приштина, 24 јули 2023 (МИА) - Ветераните на македонската репрезентација одиграа пријателски натпревар во Приштина против фудбалските ветерани на Косово на традиционалниот турнир во чест на роденденот на легендарниот фудбалер, Фадиљ Вокри.

 

- Поранешните македонски репрезентативци го загубија мечот со 2:1 од ветераните на Косово, но резултатот секако не беше во преден план. Турнирот имаше пријателски карактер и поважна беше дружбата меѓу поранешните фудбалери., соопшти Фудбалската федерација на Македонија.

 

По завршувањето на натпреварот, претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми, им додели трофеј на двете селекции. Капитен на македонската селекција  беше Артим Шаќири, а заеднички со останатите фудбалери оддадоа почит и пред статуата на .

 

За македонската репрезентација настапија: Џемал Зеќири, Артим Шаќири, Арбен Нухиу, Драган Начевски, Вујадин Станајковиќ, Артим Положани, Ерџан Менга, Неџат Шабани, Ќатип Османи, Куштрим Балажи, Горан Георгиевски, Џенан Хајдари, Афет Јашари, Ванчо Мицевски, Бруно Пресилски, Драган Веселиновски, Аргент Беќири, Горан Станковски. Од клупата беа предводени од Менсур Неџипи - селектор, Еркан Јусуф - помошник селектор. зс/

Остани поврзан