• петок, 04 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Македонскиот уметник Дејан Иванов ја отвори изложбата „Космички пејзажи 2“ во Софија

Македонскиот уметник Дејан Иванов ја отвори изложбата „Космички пејзажи 2“ во Софија
Софија, 15 јуни 2022 (МИА) - Македонскиот уметник Дејан Иванов – Маргуш пред публиката во Софија во концертната сала на Националниот музеј „Борис Христов“ ја отвори изложба „Космички пејзажи 2“, јави дописникот на МИА од Софија. Изложбата е составена од околу 20 живописни творби. Делата на Иванов, што беа создадени пред ковид-пандемијата претходно беа претставени во Пловдив. Неговите апстрактни, импулсивни и богати дела во боја, насликани со акрилни бои и комбинирање на дополнителни материјали за подобрување на вибрациите на бојата, сега ќе може да ги види и публиката во главниот град на Бугарија, Софија. Изложбата ќе остане отворена за посетители до 30 јуни 2022 година. нк/ки/  

Остани поврзан