• сабота, 14 јуни 2025

Македонскиот репрезентативец Митровски во трка за најдобар фудбалер во Хрватска

Македонскиот репрезентативец Митровски во трка за најдобар фудбалер во Хрватска

Загреб, 16 мај 2025 (МИА) -  Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски е кандидат за најдобар фудбалер во хрватското првенство. 

Во пресрет на завршницата на првенството беа објавени номинациите, а конкуренција на Митровски, кој настапува за Вараждин, му прават Марко Ливаја (Хајдук), Тони Фрук, Ален Гргиќ (Славен Белупо) и Роберт Мудражија (Локомотива). 

Главен фаворит за наградата, сепак, е напаѓачот на Хајдук, Ливаја, кој оваа сезона има 18 погодоци и 9 асистенции, а сметката може да ја зголеми во последните две кола од првенството.

Димитар Митровски годинава е најдобар стрелец на својот тим со 7 постигнати гола. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан