Македонската фудбалска репрезентација напредуваше три места на ФИФА ранг-листата
- Македонската репрезентација бележи прогрес од три позиции на најновата ранг-листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денес.
Нион, 24 октомври 2024 (МИА) – Македонската репрезентација бележи прогрес од три позиции на најновата ранг-листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денес.
„Црвено-жолтите“ од 72-то се искачија на 69. место. Напредокот се должи на двете победи (против Летонија и со Ерменија) во октомврискиот циклус од квалификациите во Лигата на нации.
Лидер во поредокот е Аргентина, следуваат Франција и Шпанија. Во Топ 10 се уште и: Англија, Бразил, Белгија, Португалија, Холандија, Италија и Колумбија.
Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 28 ноември. зс/
Фото: ЕПА